Астролог открива каква ќе ни биде 2021. година: Маските ќе ги носиме до април 2022.!?

Конфликтот меѓу старото и новото ќе ја одбележи 2021 година на глобално ниво – и ништо нема да ги запре времето и промените што ги носи Уран.
На лично ниво, силна промена на енергијата особено ќе ја почувствуваат родените во знакот на Бик, а потоа ќе бидат погодени Овен, Лав, Водолија и Скорпија.
Оваа година 2021 година ќе биде помирна година, која на сите им треба по големата и трансформативна 2020 година. Сепак, и оваа година ќе имаме многу предизвици, како што беше со секоја претходна, но, генерално, нашите животи полека ќе се враќаат во нормала. Проблемот со вирусот корона нема да исчезне целосно ниту оваа година. И понатаму ќе биде една од главните теми, особено за првите шест месеци.

„Ќе ги тргнеме маските кога Јупитер ќе се спои со Нептун во Риби“.


Секој пат има свои лекции и придобивки за нас. Сметам дека приказната со короната конечно ќе биде запрена и завршена дури во април 2022 година, кога Јупитер ќе направи спој со Нептун во Риби. Дотогаш, маските и маскирањето како и социјалната дистанца, со која управува силниот Нептун во Рибите, ќе бидат наше секојдневие. Дури од пролетта 2022 година можеме да сметаме на ставање крај на оваа приказна.

Меркур владее со годината
Во 2021 година, немаме големи коњукции, за разлика од претходната. Не е ниту престапна. Таа е под власта на бројот 5, што е број на среќа и успех. Тоа е број со кој управува Меркур.
Важна промена што ќе ја почувствуваме точно на почетокот на годината е преминот на Марс од знакот Овен во знакот на Бик. Оваа промена се случила на 6. јануари, а Марс ќе остане во знакот на Бик до 5. март.


                                                              Снежана Кнежевиќ знае кога ќе ги симнеме маските


По цели шест месеци, Марс го напушти својот знак Овен и се префрли на знакот на неговото протерување. Протерувањето не значи дека Марс има помалку моќ и енергија, но таа енергија може да биде искривена, девијантна и поопасна за нас. Марс, од агол на енергетска астрологија и енергетска психологија, владее со нашата прва чакра и затоа сите ќе ја почувствуваме оваа енергетска промена, но најмногу од се ќе ја почувствуваат луѓето родени во знакот или со подзнак во Бик.

„Енергијата на Марс може да биде искривена, подевијантна и поопасна, особено за Бикот“.

Кај луѓето родени во знакот на Бик, Марс ќе дојде на нивното Сонце во Бик, што може да се манифестира како зголемен притисок, стрес или преку здравствен проблем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …