Аки заздравува во Опатија!

Популарниот Аки Рахимовски, пејачот на една од најпопуларните рок групи на сите времиња од екс-Ју просторите, „Парни Ваљак“, деновиве заздравува во Опатија од последиците на малиот мозочен удар кој го имаше на почетокот на месец мај.
Во телефонскиот разговор за „ТВ НОВА 12“ тој вели дека оваа недела ќе ја помине во ова туристичко место во Истра, а потоа се враќа дома.
„Се чувствувам добро, се придржувам на советите на лекарите, најверојатно нема да биде потребна некоја хируршка интервенција, но тоа ќе го знам кога ќе завршат деталните испитувања“, соопштил Аки.
Околу појавените шпекулации во медиумите дека групата „Парни Ваљак“ бара нов пејач, Аки со насмевка го демантира тоа. На 17. мај 2018 година бендот настапи на десеттиот роденден на популарното хрватско радио „Радио Антена“, заедно со Психомодо поп, Массимо, Џибони….. Во двете композиции со кои настапи „Ваљак“, како замена за Аки, се појавија токму Џибони и Нано Белан, некогашниот член на сплитската група „Ѓаволи“.
„Парни ваљак“ ги откажа сите предвидени концерти, а лидерот на групата Хусеин Хасанефендиќ во изјава за хрватските медиуми кажа дека сите во групата се оптимисти и веруваат дека Аки брзо ќе се врати на сцената.
Извор: твнова12.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …