(ФОТО) Меден месец: Меган и Хари одат во Канадскиот национален парк!

„Тоа е дел од светот во кој Хари чувствува дека може да биде без никаква помпа. Многу го сака африканскиот континент“, вели стручњак за кралското семејство. Тој тврди дека сопружниците ќе отпатуваат во некоја од африканските земји…
Војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл (36) и принцот Хари (33) на меден месец ќе одат во канадската провинција Алберта во одморалиштето Fairmont Jasper Park Lodge, пишува американскиот TMZ.Тоа место се наоѓа во националниот парк Jasper и носи наслов „кралско одморалиште“, а се простира на 560. квадратни километри.

Уште не се знае кога Меган и Хари планираат да отпатуваат на меден месец, но TMZ тврди дека за нивната сигурност ќе се грижат британските и канадските власти. Одморалиштето посетителите го нарекле и’ „канадски рај“, а го посетиле бројни припадници на кралските семејства и славни глумци. Меѓу нив се починатиот крал Џорџ VI. и неговата сопруга, кралицата Елизбета, мајка на Елизабета II. (92).
Таму се одморале глумците Ентони Хопкинс (80) и Џон Траволта (64) и основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (62).

Покрај тоа одморалиштето послужило како кулиси за филмот „River No Return“ од 1954. година во кој глумат Мерилин Монро и Роберт Мичам.
Но, британските медиуми не ја спомнуваат Канада и тврдат дека Меган и Хари планираат да одат во Намибија, но тоа морале да го откажат бидејќи јавноста ги дознала сите детали и им била загрозена безбедноста.Сепак, планираат да одат во некоја африканска држава.
„Тој е дел од светот во кој Хари чувствува дека може да биде без никаква помпа. Многу го сака африканскиот континент“, истакнал стручњакот за кралското семејство Омар Скоби во интервјуто за магазинот „Elle“. Додал и дека Меган и Хари сакаат да ги истражат африканските земји и дека е сигурен дека тоа ќе го направат на медениот месец.


The Sun вели дека новопечените сопружници планират патување во Боцвана и Хаваите, а на крај малку ќе свратат и во Ирска. Магазинот „Elle“ истакнува дека Меган и Хари имаат добра причина да ги кријат деталите за своето патување и дека избрале ново, тајно, место за медениот месец.
„Локацијата за патувањето ја менувале неколку пати. Но, пред патот секогаш се појавуваат информациите за локацијата, тоа ја загрозува нивната сигурност и нивниот сигурносен тим мора да ги советува да ги менуваат своите планови“, објаснил Скоби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …