(ВИДЕО+ФОТО) Принцезата Дијана сакала да ја откаже венчавката:„Се чувствував како јагне кое оди на колење“

Десет дена после кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл се собират впечатоците од церемонијата. Целиот свет се согласува дека младенците се многу вљубени еден во друг и дека нивната венчавка ниту малку не била налик на онаа од 1981. година кога се венчале принцот Чарлс и лејди Дијана Спенсер.
Веќе е општо познато дека бракот на принцезата Дијана и принцот Чарлс бил несреќен, а документарецот во кој се појавиле тајни снимки од принцезата Дијана октрива дека таа сакала, ден порано, да ја откаже венчавката. Имено, таа неколку дена пред венчавката го слушнала разговорот на својот свршеник и Камила Паркер Боулс во кој тој и ветил дека засекогаш ќе ја сака.

Дијана ден пред венчавката на сестра си и рекла дека не може да се омажи за човек кој сака друга, а сестрата ја разубедила.


„Доцна ти е. Твоето лице е на секоја шоља во Лондон“ и рекла.
Принцезата во истиот документарец признала дека на денот на венчавката се чувствувала како јагне кое оди на колење.
„Додека влегував во црквата со погледот ја барав Камила, а потоа и ја здогледав, во сив фустан. Се надевав дека после венчавката со неа ќе биде готово, но не беше. Мојот сопруг на медениот месец носеше нараквица со две букви „Ц“ која таа му ја подарила“, рекла принцезата пред разводот од принцот Чарлс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …