(ФОТО) Папараците ја опседнуваат мајка и на Меган:„Далеку е од раскош“

Се вратила на стариот живот!Иако некои британски медиуми пишувале дека ќе остане во Велика Британија и ќе и помогне на Меган да се прилагоди на брачниот живот, Дориа Побрзала дома во Лос Ангелес…
„Мојата мајка е внимателна и грижлива, а отсекогаш имала слободен дух. Има дредлокси и пирсинг во носот. Баш го истрча маратонот во Лос Ангелес“, ја опишала Меган Маркл (36) својата мајка, минатата година, во интервју за магазинот „Гламур“.
Социјалната работничка Дориа Рагланд (61),откако мина една недела во Лондон поради кралската венчавка на својата ќерка, се вратила на својот вообичаен живот во Лос Ангелес. Секој нејзин чекор е следен од папараците, а американските медиуми се распишувале дека нејзиниот стил е „далеку од кралската раскош“.
Иако некои британски медиуми пишувале дека ќе остане во Велика Британија за да и помогне на Меган да се прилагоди на брачниот живот, Дориа побрзала дома.
Социјалната работничка работи и како инструкторка по јога и нејзината ќерка своевремено рекла дека со вежбањето, уште кога била дете, ја запознала нејзината мајка.
Дориа е единствена членка на семејството на Меган која во јавност не го коментирала нејзиниот живот и врска со принцот Хари (33).
Пред кралската венчавка многу американски медиуми тврделе дека социјалната рботничка интервју ќе и даде на Опра Винфри (64) но тоа не се покажало како точно.


Бившата глумица после разводот останала да живее со својата мајка но редовно го посетувала татко и Томас.Меган своевремено рекла дека мајка и и го дала прекрот Цвет и дека ја инспирирал да почне да се бави со хуманитарна рбаота.
„За Ден на благодарноста би купувале мисирка од засолниште за бездомници, би доставувале оброци за пациенти по болници, секое одвишно париче би го донирале а со оние помалку среќни делевме прегратки и насмевки“ истакнала своевремено Меган.
За време на првото заедничко интервју на Меган и Хари за BBC, минатата година, принцот истакнал дека мајката на неговата (тогаш) свршеница е неверојатна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …