Од утре големи промени на времето: Се очекуваат пороен дожд и грмотевици

Времето вечерва во централните делови на земјата ќе биде ведро, а само мала облачност ќе има во првиот дел од ноќта. Понекаде ќе има слаб променлив ветер, информира УХРМ.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7. Утринските температури ќе се движато од 9. до 16., а дневните од 27. до 32. степена.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачноста. Температурата ќе се движи од 14. до 31. степен.
До петок во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и’ зголемување на облачноста.
Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси.
До петок кога ќе биде и најтопло дневните температурите ќе бидат во благ пораст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …