(ФОТО) Филипче со посебна објава на Фејсбук: „Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање – Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи!“

Министерот Венко Филипче синоќа на Facebook им се заблагодари на сите колеги кои го вложуваат целиот труд но и на сите граѓани кои ги почитуваат препораките и мерките.

„Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје.
Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност.
Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд.
Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките.
Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“, напиша Филипче на Facebook.


 



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …