КОРОНА ВИРУС – Никој не е заштитен: Британскиот премиер, Борис Џонсон, приклучен на респиратор

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа бил примен во болница бидејќи 10. дена откако бил тестиран позитивно за коронарен вирус покажал трајни симптоми
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон е приклучен на респиратор, известуваат британските медиуми од извори блиски до раководството на Националниот здравствен систем на Англија.
„По совет на неговиот лекар, премиерот вечерва беше примен во болницата“, изјавиле претходно од Даунинг стрит.
„Ова е чекор на претпазливост кога премиерот и понатаму има трајни симптоми на коронавирус, 10. дена по позитивниот тест за вирусот“, соопштила канцеларијата на Џонсон.
На 27. март, Џонсон рекол дека тестирањето покажало дека е позитивен на корона вирусот.
Тој отишол во изолација во стан во улицата „Дауниг“ и во петокот навечер било соопштено дека е се уште е таму и има висока температура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …