Тестот на Путин на корона вирусот е негативен – но не и на лекарот кој бил со него!

„Владимир Путин е редовно тестиран. Се е нормално“, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Главниот лекар на московската болница за пациенти со коронавирус, кој се сретнал со Владимир Путин во установата минатата недела, денес изјавил дека е заразен, додека Кремљ веднаш објавил дека не треба да се грижат за претседателот на Русија.


„Владимир Путин е редовно тестиран. Се е нормално“, рекол портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Докторот Денис Проченко изјавил дека е заразен, но дека нема загрижувачки симптоми.
„Тестот на КОВИД-19 е позитивен, но јас се чувствувам добро. Се изолирав и во мојата канцеларија ги имам сите услови за работа од далечина“, рекол рускиот лекар.


На 24 март, Путин (67) ја посети болницата „Комунарка“ во предградието на Москва. Оваа болница е главната установа во која се лекуваат пациенти со коронавирус.
Претседателот на Русија и докторот потоа се ракувале, заедно биле во лифтот и разговарале без заштитни маски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …