(ФОТО) Рецепт на денот: Брзи мафини со спанаќ

Потребно е:
250 г.кори за пита
3 јајца
1/2 лажичка сол
250 г. сирење
100 мл минерална вода
50 мл масло
1/2 кесичка прашок за печиво
50 г. свеж спанаќ
малку сусам
Подготовка:јајцата со малку сол изматете ги пенесто. Изронете го сирењето и додајте во јајцата. На смесата додајте и масло и минерална вода, прашок за печиво, се’ убаво соединете.
Корите за пита исечете ги на ленти со ширина од 1 – 1,5 см. и додајте во филот. Убаво измешајте, па додајте го спанаќот, измешајте.
Калапот за мафини намачкајте го со путер или маргарин. Ставете од смесата, израмнете, наросете со сусам и префрлете во рерна загреана на 180. степени.Печете 20 – 25. минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …