(ФОТО) Синди Крафорд ја открила тајната на својата убавина:Дознајте ги нејзините совети за совршен изглед


Синди Крафорд е сопственик на антиејџинг компанија која се бави со нега на кожата, па можете само да замислите колку асови во ракавот има кога станува збор за убавината.
За почеток, секогаш носи крем за сончање и навечер ја симнува шминката. Голем фан е на маслата за нега, а кога станува збор за резултатите се’ се сведува на константност, истрајност и посветеност.
„Мислам дека луѓето сакаат нешто набрзина, но кај мене сето тоа е конзистенција. Не почнав сега да вежбам, почнав со 20. години. Вежбањето, доволно сон, без пушење – сите тие работи се собираат. Можеби резултатите нема да ги видите за една недела или еден месец, но за една година, со упорност и истрајност, сигурно ќе успеете.
Одржувањето е важно. Тоа е мојот пристап како да се борите со стареењето. Најдобрата работа која можам да ја направам е негата. Не сум девојката која бев пред 30. години, станува збор за движење напред, достоинствено и да се чувствувате добро во својата кожа“ открила Синди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање …