(ВИДЕО) Мајката открила дека е бремена кога ја прегрнала: Девојчето родило на 13 ГОДИНИ, таткото на бебето направил нешто СРАМНО!

Преплашено девојче, како што ја нарекоа руските медиуми, станала преку ноќ ѕвезда на Јутјуб кога на својот канал изјавила дека иако е само дете, на 13-годишна возраст станала мајка и ја криела бременоста од нејзините родители.
Полина Фетисова (16) вели дека денес не жали за ништо, пренесува 7News.
„Се плашев од реакцијата на моите родители и не знаев дали бебето е добро. Плачев секоја вечер“, била искрена девојката која се грижи за својата ќерка со помош на нејзината мајка.
Штом му кажала дека е бремена, таткото на детето го прекинал секој контакт со неа и ја нарекол к***а.
„Ме блокираше на сите социјални мрежи и рече дека не е заинтересиран за него“.


Зачудувачки е што до 35-та недела од бременоста никој во семејството не се посомневал дека носи дете. Таа објаснила дека сите жени во семејството биле „буцки“, па лесно можела да го скрие стомакот.
„Мама сфати дека сум бремена кога еднаш ме прегрна. Бебето удираше и таа почувствува удар. Таа ме однесе веднаш кај гинеколог“, се сеќава Полина.
Три недели подоцна, таа се породила, а нејзината мајка и помогнала да избере име за девојчето. Ја нарекле Илиана.
Потоа, таа се школувала дома за да избегне евентуално малтретирање од врсници.
Сега Полина заработува пари од реклами на нејзиниот канал на Јутјуб и штеди пари за да оди на училиште за фризери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …