(ФОТО) Со руса коса и тесен светкав фустан: Моника Белучи како милион долари!

Моника Белучи во септември ќе наполни 55. години. Во нејзиниот случај годините се само бројки во документите, погледнете ги нејзините псоледни фотографии и ќе се уверите…
Италијанската глумица позирала за насловната страна на списианието Soon, со руса коса и фризура слична на онаа што ја носела во филмот „Малена“.
Моника на својот профил на Инстаграм објавила една од фотографиите од магазинот, а наскоро се појавиле и останатите и воодушевиле илјадници нејзини обожаватели ширум светот.


Убавата глумица е моментално на филмскиот фестивал во Кан во друштво на 18. години помладиот дечко, францускиот уметник Николас Лефебре. Парот е во врска од минатата година а од неодамна почнаа и да се појавуваат заедно.

Обожавателите се согласуваат дека Моника со руса коса изгледа како богинка а многумина сметаат дека оваа фризура би требало и’ да ја задржи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …