Вечерва финална вечер на „Макфест“: Кого ќе гледаме на прогласувањето а кој ќе ја освои публиката?

Изминатите два ден во Штип се одржаа двете полуфинални вечери на годинешното издание на „Макфест“. Видно изменето и во поглед на учесниците и во однос на наградите чии износи драстично се менуваа последната недела, како и модернизирањето (односно враќање на старо) со настап на матрица…
Сепак, најважно е што ќе слушнеме во финалето и која песна ќе ја освои публиката во салата но и гледачите покрај малите екрани.
Како што веќе пишувавме „Макфест“ годинава има двоен начин на гласање – од тв гледачите и публиката во салата, и се доделуваат гласови како на Евровизија – 12, 10, 8,7,6,5,4,3,2,1…
Вечерва на сцената на Домот на културата ќе ги проседиме најдобро пласираните од двете фестивалски вечери, погледнете:


Додека се пребројуваат гласовите своја шоу програма ќе има миантогодишната победничка, Александра Јанева.


Сепак, најважно е какви композиции ќе ни остави Макфест, ќе има ли хитови, песни кои ќе „навлезат“ меѓу народот и кои ќе се бараат…Одговор на сето тоа ќе добиеме вечерва од 20:30 часот…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …