Како што беше најавено веќе од овие утрински часови поради спуштањето на невообичаениот студен воздух од север врнежите од дожд на планините над 1.500 м.н.в има врнежи од снег каде се формира снежна покривка. Особено снег паѓа во северозападните планински предели па така ова утро под вистинска снежна бајка осамна скијачкиот центар Попова Шапка.
Врнежите од снег продолжуваат до самиот крај на денов па така ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка а поради силниот северен ветер можна е појава на снежни навеви. Има услови снежната граница да се спушти и под 1.400 м.н.в., пишува meteomx.mk
Ладното време проследено со дожд и снег, во повисоките предели, ќе се задржи и во наредните денови.
Ова се утринските температури: