Во недела ќе ја чуеме евровизиската песна на Мина!

Македонија и годинава ќе учествува на детската Евровизија, а после минатогодишната историска победа на Грузија, јубилејното 15. издание ќе се одржи на 26 ноември во главниот град Тбилиси.
Боите на нашата земја овој пат ќе ги брани пинковата ѕвездичка Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing Through Life” (Танцување низ животот), а премиерата е закажана за во недела, во рамките на емисијата “Стисни плеј” на првиот канал на МРТ.
Ова ќе биде 13. учество за Македонија на детскиот Евросонг, каде што највисокиот пласман досега ни е 5. место, освоено во два наврати. Иако важеше за една од фаворитите, минатогодишната претставничка Мартија Станојковиќ се пласираше на 12. место, а нејзиниот хит “Љубовта не води” се уште е еден од најпрегледуваните на Јутјуб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …