(ФОТО) Моника Белучи го покажала 18. години помладиот дечко

Моника Белучи е во врска со 18. години помладиот Николас Лефевре. Парот заедно ја посетил ревијата на Шанел на париската Модна недела, а не се криеле кога виделе дека биле окружени од фоторепортери.


Николас Лефевре е 37. годишен француски уметник и сценограф,а судејќи по фотографиите бескрајно е вљубен во својата нова девојка.

Моника Белчучи во својата 55. година изгледа како богинка, а на парот очигледно не му пречи големата разлика во години. Глумицата во 2013. година се развела од Винсент Касел со кого има две ќерки.
Со Лефевре е во врска од крајот на 2017. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …