(ФОТО) Наум Петрески стана дедо: Анастасија роди девојче!

Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е негова прва внука. Прва на Фејсбук се пофали сестрата на Анастасија, Сања.
Анастасија, ќерката на фолк-пејачот Наум Петрески вчера стана мајка. Таа роди ќерка на која со сопругот, пејачот Владимир Поповски ѝ го дадоа името Андреа.


Ова е прво дете на двојката, која што се венча на почетокот на годинава, скоро една година откако се свршија.
Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е негова прва внука. Прва на Фејсбук се пофали сестрата на Анастасија, Сања.


Инаку, целата бременост на пејачката помина без многу помпа околу покажувањето на трудничкото стомаче туку таа како секоја мајка, вон естрадата,ги истурка нејзините труднички денови.

Да потсетиме, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …