Какво време да очекуваме до крајот на годината?

Во последните денови од оваа 2018 година ќе имаме претежно стабилно и суво време.
Температурите на воздухот ќе имаат незначитален пораст но ќе бидат околу просекот за овој дел од годината. Времето ќе биде сончево, повремено со мала и умерена облачност додека во сабота и повторно во понеделник ќе дува засилен ветер од северен правец, информира метеорологот Славчо Попоски.


Во сабота има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, повторно услови за локални слаби врнежи претежно од снег ќе има во понеделник.
За време на новогодишната ноќ ќе имаме променливо облачно време со услови за локално слабо провејување на снег.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …