(ФОТО) Посни шарени бомбици од компири

Потребно е:
1 кг бели компири
200 г посен кашкавал (може и чаден)
200 г лајт мајонез (посен)
сол, црн пипер
80 г ленено семе
Плус:
сечкан магдонос
сусам
1 морков
малку печени сосени кикирики


Подготовка: Сварете ги компирите и испасирајте како за пире. Кога малку ќе се излади, додајте мајонез, убаво измешајте. Смесата оставете убаво да се излади.
Изрендајте го кашкавалот и соединете со пирето од компири. Додајте сол, црн пипер и ленено семе. Измесете, па пробајте на вкус и ако треба дополнително зачинете.
Сега со дланки формирајте бомбици. Дел валкајте во магдонос, дел во сусам, дел во свежо рендан морков а дел во иситнети кикирики.
До служење префрлете во фрижидер, а послужете во голема тацна покриена со листови зелена салата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …