(ФОТО) Посни бомбици со сусам и маслинки

Потребно е:
500 г компири варени во лушпа
100 г посен маргарин
сол, црн пипер
100 г црни и зелени маслинки
100 г на суво испржен сусам
Подготовка: компирите сварете ги во лушпа, излупете и испасирајте заедно со маргаринот, убаво измешајте. Најдобро е смесата да отстои преку ноќ во фрижидер, или неколку часови пред обликување.
Со раце кинете од смесата, истенчете на дланка и ставете зелена или црна маслинка, без коска, обликувајте бомбица и валкајте во пропржениот сусам.
Пред служење убаво изладете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …