Стотици луѓе се дел од Глобалниот лидерски самит во Македонија

Оваа година на Глобалниот лидерски самит, стотици луѓе од Македонија им се приклучија на 445.000 свои колеги. Нивната цел е да дознаат како максимално да го искористат своето влијание и да се развијат на професионален план.


Присутните ја имаа можноста да ги слушнат искуствата од најразновидни говорници кои нудат уникатен микс на визија, инспирација и практични вештини кои секој може веднаш да ги примени. Неколку од говорниците се Симон Синек, бестселер според New York Times, Анџела Арндтс, главен потпретседател на малопродажба во Apple, Џон К. Максвел, експерт за лидерство, Расмус Анкерсен, автор и бестселер, Крег Грошел, ко-основач и главен пастор, Life.Church.


„Оваа видеокаст конференција има за цел да подобри, да инспирира и да мотивира одлично водство без разлика на секторот на дејствување. Ваквата визија ГЛС ја спроведува преку овозможување ексклузивни говори на врвни светски водачи, практични материјали и контекст за локална интеракција. Овогодинешниот самит во Македонија понуди нова, изводлива и инспиративна содржина за лидерство од светски говорници.”, истакна Никола Галевски, организатор на Глобалниот лидерски самит во Македонија.


Сите кои се дел од самитот ќе ја имаат можноста да ја подобрат својата тимска работа, преку зголемување на задоволството во работата и продуктивноста. Тие што присуствувале на самитот велат дека нивната организација е поефективна бидејќи има појасна визија.
Самитот ги отвора вратите на успехот и се повикуваат сите кои не беа во можност да присуствуваат оваа година, да се подготват за наредната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …