(ФОТО) Богата пита со спанаќ и месо

Состојки:
300 г. спанаќ, 5 јајца, 5 лажици брашно, 5 лажици гриз, 200 г сирење, 5 лажици пченкарно брашно, 100 мл млеко, 250 г мелено месо, сол, црн пипер, 100 мл масло, црвен пипер, 1 главичка кромид, 1 кесичка прашок за печиво.
Подготовка:на масло пропржете го ситно сечканиот кромид, додајте го меленото месо и него пропржете го. Додајте сол, црн пипер, црвен пипер.
Спанаќот исчистете го, измијте, исцедете па попарете со врела вода и исцедете. Јајцата изматете ги, додајте брашно, гриз, пченкарно брашно со печиво и сол.
Измешајте па додајте ги спанаќот, млекото, маслото, издробеното сирење и меленото месо.
Се’ убаво измешајте и истурете во плех, намачкан со масло и наросен со брашно. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете додека убаво не поцрвени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …