(ФОТО) Сочен и брз колач без јајца

Состојки:
1 шоља гриз
1 шоља ореви
1 шоља млеко
1 шоља шеќер
1/2 шоља масло
2 рендани јаболки
2 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 г суво грозје
шољата е од 200 г.


Глазура:
150 г чоколадо за готвење
25 г маргарин
4 лажици млеко
4 лажици масло
Подготовка: во сад ставете ги сувите состојки, а во друг измешајте ги „течните“.Потоа течните додајте ги во сувите и убаво измешајте. Ставете во намрсена и со брашно наросена тава и префрлете во рерна загреана на 200 степени.Печете околу 30. минути. Со чепкалка проверете дали е испечено.
Испечениот колач префрлете го чинија за служење и полијте со чоколадната глазура.


Колачот можете да го испечете и во калап-30х21 см покриен со хартија за печење.Иако ќе биде повисок повторно ќе биде сочен.
Оревите може да се мелени или половина сечкани а половина мелени – по ваш вкус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …