(ВИДЕО+ФОТО) НАЈАВУВА МНОГУ АКЦИЈА – Погледнете го новиот трејлер пред премиерата на филмот „Fast X“

Филмот „Fast X“ пристигнува во кината овој месец, но пред тоа беше објавен уште еден трејлер.
Последниот трејлер е малку поинаков од другите, но се фокусира на целото семејство воопшто со посебен фокус на Доминик Торет (Вин Дизел) и неговата партнерка Лети Ортиз (Мишел Родригез). Трејлерот се отвора со Лети како спие додека Дом ја гледа. Тогаш се слуша неговиот глас како зборува за отворени патишта, чистота на умот и неговото срце кое и припаѓа на Лети од првиот ден.


Тој зборува и за својот животен стил со мотото „четврт километар во исто време“, но работите се смениле бидејќи парот сега добил син. Всушност, Дом има син од времето кога мислел дека Лети е мртва и кога неговото срце и припаѓало на сега веќе мртвата полицајка Елена (Елса Патаки).

This image has an empty alt attribute; its file name is fast-1.jpg


Во трејлерот се прикажани и тензични настани, огромни топки кои се тркалаат и уништуваат се пред себе, како и магнетни бомби кои експлодираат. Тука се и неизбежните Dodge Chargers, како и мноштво ѕвезди вклучувајќи го Џејсон Момоа како Данте. Бри Ларсон ја игра Тес, членка на тајна владина организација која е очигледно на позитивната страна, за разлика од другите.

This image has an empty alt attribute; its file name is fast-2.jpg


Исто така, трејлерот е полн со потсетници за тоа што фановите можеа да го видат во претходните филмови.

This image has an empty alt attribute; its file name is fast-3.jpg

„Fast X“ пристигнува во кината на 19 мај.

This image has an empty alt attribute; its file name is fast-4.jpg

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …