„Амбасадор на мирот”, Хајруш Фазлиу во Чифте амам

Самостојна изложба „Слика во Фокус”
9 мај, 2023, 19 ч

Хајруш Фазлиу, со децении останува неприкосновен на уметничката сцена во Косово, но и пошироко на албанската уметничка сцена. Овој сликар, покрај тоа што е докажан творец, се одликува и како вреден универзитетски професор и методолог, кој е одликуван со низа награди и признанија за неговите уметнички и професионални достигнувања. Меѓу нив треба да се издвои признанието „Амбасадор на мирот” што неодамна му беше доделено во Рим, Италија, што го направи овој творец познат и во меѓународни рамки.


Од оваа гледна точка, јасно е дека овој сликар ја доживува уметноста од длабочината на душата и ја отсликува со силна живост прикажана со оригинален творечки израз. Самите наслови на делата: „Овална слика”, „Од ѕидот”, „Актови”, „Дардански профили”, „Во фокус”, „Загриженост” и многу други, изгледаат како да се потчинети на широка општествена хронолошка и културолошка кохезија, преполнети со разни животни моменти наталожени врз (под)свеста на Хајруш Фазлиу. Значи, насловите на овие дела звучат усогласено спроти нивната содржина и форма, но стануваат и пренесувачи на естетските принципи на неговото творештвото.

Хајруш Фазлиу во неговите творби го комбинира традиционалниот експресионизам (кој од време на време добива и неофигурални облици) со ирационалната фантазија на надреализмот, но зачувувајќи ја засекогаш асоцијативната алузивна, апстрактна врска на формален и стилски поглед.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …