ЈП Лајка: РЕКОРДНИ 114 СТЕРИЛИЗИРАНИ/КАСТРИРАНИ КУЧИЊА ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ

Во месец Април, 2023 во ЈП Лајка го поминаа хуманиот третман 114 кучиња, 100 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 14 беа донесени од граѓани.
Среќно се вдомија 25 кучиња, а 65 беа вратени на матичната локација. За жал, угинаа 2 кучиња кои беа во поодмината возраст и во лоша здраствена состојба, и покрај сите вложени напори од ветеринарниот тим.
Во Април, тимот заловуваше стратешки во Општина Гази Баба, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Центар, а интервентно делуваше во останатите скопски општини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …