Швајцарската доку-драма „Фамилија“ за проблематичните тинејџери премиерно во кината

Швајцарскатадрама „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, од денеска е на репертоар во кино „Милениум“ со почеток од 15:30часот.Филмот се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева. Исто така, денеска филмот ќе биде прикажан и во Дом на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток од 19:30часот. На 18ти месецов, „Фамилија“ ќе се прикажува и во Домот на културата во Македонски Брод, додека пак на 25ти мај во Кинотека на Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is Familijata-poster.jpg
Поранешниот швајцарски социјален работник и самоук режисер Фред Баилиф го развивал филмот во период од две години со тинејџерките и социјалните работници од домот. Седум девојки живеат под ист покрив, но не се избрале една со друга, исто како семејство. Доаѓајќи од тешки средини, овде во сигурната куќа, девојките наоѓаат нова заедница, на начин што никогаш порано не го доживеале. Тие споделуваат радост и болка, заедно се бунтуваат против недостатоците на нивното опкружување – темпераментите на младите жени се различни, нивната желба за живот е голема, нивното место во општеството е премногу несигурно за работите да бидат мирни и хармонични. Директорката на домот Лора е секогаш тука за нив кога им треба. Или е обратно?
Филмот бил создаден во тесна соработка со младите актерки, кои биле вклучени во развојот на нивните ликови. „Фамилијата“ ја открива несовршеноста на системот за заштита на младите, како и кревкоста на општествените структури и прашањето што всушност би можело да значи да се биде дел од семејство.
Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од швајцарската федерална влада и „Свис филмс“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Земја на штркови“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …