Музиката е посилна од војната: Евровизиските разгледници ќе ги прикажуваат и адутите на Украина

На овогодинешните разгледници на Евровизија ќе има локации низ Обединетото Кралство, Украина и евровизиските земји, демонстрирајќи како натпреварот продолжува да го обединува светот преку музиката, објави официјалната веб-страница на Евровизија.
Да потсетиме, Украина со ланската победа во Италија со заслужи домаќинството, потоа и беше одземени, бидејќи поради војната со Русија не беа исполнети безбедносните услови пропишани со правилникот.

На Ливерпул му беа врачени клучевите на Евровизија, а ќе биде домаќин од 9 до 13 мај.


„Познатите разгледници, кои ќе се емитуваат пред настапот на секој учесник, оваа година ќе користат пионерска технологија за беспилотни летала и најсовремени камери – за да ги водат гледачите помеѓу локациите низ Украина, Обединетото Кралство и секоја земја учесничка. На секоја разгледница, три локации од секоја земја се поврзани со иста тема, вклучувајќи паркови, замоци, улична уметност, пристаништа, шарени згради, плажи, реки и езера. На 37-те разгледници се претставени неверојатни 111 различни локации – што го прави овогодинешниот креативен концепт најразновиден досега“, се вели во објавата.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …