Починала ѕвездата на серијата Нетфликс: Актерката (26) пронајдена мртва во својот дом, засега не се знае причината за смртта

Јужнокорејската актерка и модел Јунг Чае-јул денеска е пронајдена мртва во својот дом. Таа имаше 26 години.
Веста за нејзината смрт ја објави агенцијата со која соработуваше Management Sin, но деталите за трагедијата не беа објавени.

This image has an empty alt attribute; its file name is ce-jul.jpg
Актерката беше позната по нејзината улога во серијата на Нетфликс „Zombie Detective“ и продукциите „I Have Not Done My Best“ и „Deep“. Таа требаше да глуми во долгоочекуваната драма од корејска продукција, но трагедијата спречи се.
Од агенцијата најавија дека погребот ќе биде во кругот на семејството, побараа да не се шират шпекулации за овој трагичен настан.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by CHAE YULL (@chaeyull)


По веста за смртта на Јунг Чае-јул, многу фанови на социјалните мрежи објавија: „Почивај во мир, прекрасна душо“, „Толку сум тажен, не знам како да се чувствувам“.
Актерката последен пат на Инстаграм се огласи пред три дена.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …