(ВИДЕО) МРТ ја промовираше „Животот е пред мене“ за Јуниор Евросонг: Уживајте во прекрасната песна и спот со Лара, Јован и Ирина!

Синоќа во вториот дневник на МРТ беше промовирана песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене), тема со која Лара Трпческа, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван.


Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.

This image has an empty alt attribute; its file name is juniot-evrosong-pretstavnici.jpg


И’, мора да признаеме дека Симон Трпчески, Дарко Димитров и Лара направиле одлична песна – ведра, оптимистична, весела, со одлична продукција и текст.
– Песната „Животот е пред мене“ ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг 2022!
Напред Лара, Јован и Ирина!
Горд сум што сум дел од македонскиот тим – Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ереван, Ерменија!, напиша Симон Трпчески на својот профил на Фејсбук.


Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Рецитал на Ина Иванова -флејта

Повелете на концерт за уживање на Ина Иванова -флејта во класа на проф.м-р Елена Мирасчиева …