(ФОТО) Една од главните атракции на Тасос: Медитеранскиот базен на боговите

Грчкиот остров Тасос крие еден од најубавите природни базени, кој е поврзан со морето.
Освен што ја нарекуваат природен базен, плажата Гиола ја нарекуваат и природна морска лагуна во карпите, а оние кои ја посетиле при поголеми бранови велат дека тоа е природно „џакузи“ на Тасос.
Зборовите не можат да ја опишат убавината на сложувалката од бранови, камења и природниот базен во форма на солза наречен Гиола, познат и како „Солзата на Венера“.
Според митологијата, природниот базен го создал Зевс за да може во него да се капе Афродита, божицата на љубовта и убавината, а според старите приказни, Тасос бил и остров на сирените, од кои жените со рибни опашки со прекрасен глас се јавувале и мамеле морнари.

Базенот, кој е една од посебните атракции на Тасос, е долг околу 20 метри и е поврзан со морето со тесен премин.
Околу базенот нема песок или сенка, поради што најдобро време за капење е наутро или доцна попладне.
Ако сакате да ја избегнете гужвата, најдобро е да дојдете околу осум часот наутро, а веќе еден час подоцна базенот е преполн. Многу луѓе скокаат во базенот од околните карпи високи до осум метри, што е една од нивните омилени активности.
А доколку огладнете, во близина на базенот ќе најдете мала таверна со поволни цени, каде што можете да изберете некој од традиционалните медитерански специјалитети.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …