(ФОТО) Вешто го криела трудничкиот стомак: Блејк Лајвли го чека четвртото дете

Американската актерка Блејк Лајвли ја изненадила јавноста кога се појавила со труднички стомак на самитот на Форбс „Силни жени“ во Њујорк.
Иако нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и таа вешто ја криеле оваа информација од очите на јавноста, дојде моментот кога таа мораше да излезе пред светлата на рефлекторите, а потоа биле откриени сите тајни. Блејк го покажала трудничкиот стомак, а странските медиуми брзо го документираа тој момент.

View this post on Instagram

A post shared by Just Jared (@justjared)


Во краток светкав фустан, со насмевка на лицето, ни се чини дека Блејк била задоволна што можела толку долго да ја замајува јавноста.
Да потсетиме, Лајвли веќе има три ќерки Џејмс, Инез и Бети со сопругот Рајан Рејнолдс. Таа се уште ја нема објавено оваа информација на социјалните мрежи, па медиумите ја искористија приликата да и ја обелоденат.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …