Овие хороскопски знаци е најдобро да ги имате како пријатели

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
ПРИЈАТЕЛИТЕ заземаат важно место во нашиот живот. Тоа се луѓе кои длабоко не познаваат и со кои можеме да се смееме и да се забавуваме, но поважно е да се потпреме на нив во тешките моменти. Во астрологијата, овие знаци се сметаат за најдобри пријатели затоа што се подготвени да направат се за оние што ги сакаат:

Рак
Раковите се лојални пријатели кои се подготвени да ги стават потребите на другите луѓе пред нивните. Не им е тешко да се жртвуваат, а нема да се пожалат ако за возврат не го добијат истиот третман. Добро е да ги имате на ваша страна, тие ќе бидат тука за вас и во добро и во зло. Секогаш можете да сметате на нив, а тие несебично ќе им помагаат на пријателите со совети, поддршка или рамо за плачење.


Скорпија
Ако сакате некој кој ќе ве гледа и ќе ви дава комплименти, заобиколете ги Скорпиите. Овие луѓе се пред се искрени и директни, што ги прави добри пријатели. Можеби нема да ви ја разубават вистината, но нивните совети се уште повредни токму поради тоа. Не е лесно да се стекне нивната доверба, но оној што ќе успее во тоа ќе стекне во нив верен пријател за живот.

Овен
Овните се забавни и духовити, па со нив никогаш не е досадно, но можат да бидат и сериозни кога е потребно. Тие се директни и бестрашни, па од срце ќе се борат за луѓето што ги сакаат. Тие ќе поместуваат ридови и долини за да му помогнат на пријателот кој е во невоља, а нивната доблест е што се големи мотиватори, па можат да ве поттикнат да бидете похрабри во животот и да се соочите со проблемите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Љубов или носталгија? Овие четири хороскопски знаци тешко ги забораваат бившите партнери

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …