(ВИДЕО) СОЧНА ПИТА ОД МЕЛЕНО МЕСО БЕЗ КОРИ: Секој што ќе ја проба ќе ве праша за овој РЕЦЕПТ!

Мора да ја пробате!
Одлична идеја за ручек или вечера. Питата без кора е полна со сочен фил од месо и сирење што се растегнува. Подготовката не е комплицирана, а јадењето е толку вкусно што секој што ќе го проба ќе побара рецепт.
Состојки:
450 гр мелено месо
1 лажица маслиново масло
1 главичка кромид
8 јајца
60 мл густа павлака за готвење
1/2 лажичка лук во прав
со, црн пипер
170 гр чедар сирење
магдонос


Подготовка: на масло пропржете ги месото и кромидот. Додадете сол, црн пипер и лук во прав. Изрендајте го чедарот и додајте половина преку месото. Во сад изматете ги јајцата и со павлаката, па истурете во тавчето, а одозгора ставете го преостанатиот чедар. Префрлете ја тавата во рерна и печете 20 минути на 175 ° C. Кога ќе биде печено, посипете со свеж магдонос.

Фото: Принтскрин/YouTube/Essen Rezepte


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …