(ФОТО) Јанчев и’ го откажа настапот на Карлеуша на овогодинешниот „Гроздобер”

По негодувањето на граѓаните, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека градот го откажал настапот на Јелена Карлеуша, која требаше да биде главна ѕвезда на овогодинешниот „Гроздобер”.
-Драги кавадарчани,
Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот Гроздобер 2022 година. По пауза од две години , сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.
Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење.
По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11. септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.
Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум.
Кавадарци за сите. И оваа година да создадеме убава и поинаква гроздоберска приказна – напиша Јанчев на ФБ.


Фото: Колаж

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …