(ВИДЕО+ФОТО) ДЕЈВИД БЕКАМ како татко на годината: Ја одвел ќерка си на спектакл во Венеција, а сликите ќе ги стопат и оние со камено срце!

Погледнете како таткото и ќерката го искористеле квалитетно времето…
Најмладата ќерка на Бекам, исто така омилена, веќе неколку дена престојува во Венеција со својот татко. Заминаа на престижен настан, гала театарски спектакл, а бидејќи беа таму неколку дена, имаа време и за други активности. Се возеле со гондола и поминале квалитетно време заедно, а Дејвид Бекам уште еднаш покажа дека неговата ќерка Харпер му е слаба точка.

View this post on Instagram

A post shared by Revista ¡HOLA! (@holacom)


View this post on Instagram

A post shared by Harper Seven Beckham (@harperbeckham_fashion)


На црвениот тепих прошетале насмеани. Двајцата зрачеле со позитивна енергија, а се гледа дека уживале во овој одмор. Десетгодишната Харпер облекла долг фустан, со розови и виолетови нијанси кои се преливале. Изгледала како вистинска принцеза. Носеше бели патики, чевли кои, ќе се согласиме, се во склад со нејзините години. Бекам останал во втор план, а малата принцеза ги освоила пофалбите на сите присутни. Фустанот е дизајниран од брендот Zimmermann и чини 1.600 фунти.


Надалеку е познато дека Харпер е миленичката на тато и дека често одат заедно на бројни настани, од секојдневни до овие гламурозни. Уживаат во шетање, одење по ресторани, спортски натпревари, а се чини дека тоа им причинува големо задоволство со оглед на насмевките и доброто расположение со кое зрачат.

View this post on Instagram

A post shared by cruz b (@beckham_cruzie)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Доделени БАФТА наградите: Најдобар филм е „Conclave“, најдобар режисер Брејди Корбет

Церемонијата на доделувањето на филмските награди БАФТА за 2025 година се одржа синоќа во Royal …