Џони Деп (58) ја тужи Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата затоа што во колумна од 2018. година објавена од Washington Post напишала дека била изложена на семејно насилство за време на бракот.
Амбер Херд рекла дека само сака Џони Деп „да ја остави на мира“ и дека добива многу смртни закани за време на нејзиното последно сведочење во тужбата што ја поднесе против неа нејзиниот поранешен сопруг.
„Редовно добивам стотици смртни закани, ако не и секојдневно“, рекла 36-годишната актерка.
„Илјадници од почетокот на судењето. Луѓето се потсмеваат на моето сведочење за нападот (…) Се надевам дека никој нема да може да помине низ нешто слично“, додала таа.
„Само сакам Џони да ме остави на мира“, рекла Херд.
Џони Деп (58) ја тужи Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата затоа што во колумна од 2018 година објавена од Washington Post напишала дека била изложена на семејно насилство за време на бракот, без да го спомене името на Деп.
Херд поднела противтужба и бара отштета од 100 милиони долари поради наводите на поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, дека нејзините наводи за злоупотреба се „измама“.
Нејзините адвокати повторно ја повикале да сведочи во четвртокот за да ја испрашаат за противтужбата. Таа вели дека страдала поради тврдењата на Валдман.
„Луѓето сакаат да ме убијат и тоа ми го кажуваат секој ден. Луѓето сакаат да го стават моето бебе во микробранова печка и тоа ми го кажуваат“, изјавила Херд.
Херд и Деп се запознаа на снимањето на „Дневникот на румот“ а се венчаа во 2015. година. Херд поднесе барање за развод во 2016. година, а се разведоа следната година.
Судењето трае веќе шест недели, а завршните зборови се очекуваат во петок.
Фото: Принтскрин/YouTube