(ВИДЕО+ФОТО) Момчето не можело да ја сокрие среќата кога ја видело мајка си во венчаница, сцената е преслатка!

Снимката од свадбата на Кристи Михелич стана вирална штом таа ја објавила. Имено, реакцијата на нејзиниот двегодишен син Пирсон трогнала многумина. Момчето застанало пред олтарот до својот татко и со нетрпение чекало да ја види мајка си во венчаница. Кога ја видел, Пирсон ја отворил устата и зачудено гледал.
„Здраво, мамо“, извикал тој и истрчал во нејзината прегратка.

View this post on Instagram

A post shared by Kristie Mihelich (@k2_0111)


„Најслаткиот момент во мојот живот“, напишала Кристи во описот на видеото во кое се наведнала да го прегрне синот и бришејќи ги солзите со него тргнала до олтарот каде што ја чекал избраникот.


View this post on Instagram

A post shared by Kristie Mihelich (@k2_0111)


„Ова е најслаткото нешто што сум го видела на свадба! Честитки на сите! Каков спомен”, коментирала една личност.
„Оваа сцена ја прави вашата свадба уште поспецијална“, додала друга.
„Како дишеше кога ја виде мајка си! И тогаш таа искрена реакција, непроценлива. Вие тројца го освоивте џекпотот”, додала трета.
„Да планиравте, немаше да излезе подобро“, заклучила четврта.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …