(ВИДЕО) Случајно или наместено? Српската премиерка се нашла во бизарна ситуација во тв емисија

БИЗАРНА ситуација се случила за време на Ami G Show, во кое гостувала српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Дали имате фобија и кој е вашиот најголем страв? ја прашал водителот Ана, а таа одговорила дека се плаши од бубачки, а особено од смрдливи мартини. „Од бубачки, смрдливи бубачки особено… имам фобија од смрдливи бубачки и бубашваби и сите тие опнокрилаци, ако се викаат така“, рекла премиерката на Србија додека по нејзината кошула одел токму – смрдлив мартин.

Ситуацијата можете да ја видите од 4:55.


Таа не го забележала тој детал, а се чини ниту другите во студиото. Сепак, гледачите се малку помалку убедени дека тоа е случајност.
„Не им верувам толку многу што мислам дека и ова е наместено“, „Па дали е тоа можно? се прашуваа оние поскептичните твитерџии. Други се убедени дека ова е само бизарна ситуација.
„Ова е некој знак“, „Смрдибуба намирисала фобија, малку ми е смешно“, „Па каков хит е ова“, „Неверојатно што токму тогаш трепна, но се случи, тоа не е монтажа колку што сум јас можам да видам“, „Ова е целиот мој живот“, коментирале други.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …