Швајцарија воведува црвени регистарски таблички

ШВАЈЦАРЦИТЕ воведуваат нова регистарска табличка која е тешко да не се забележи.
Користењето на оваа регистарска табличка нема да биде задолжително, но на многумина ќе им го олесни возењето. Имено, овие таблички се наменети за сите кои користат носачи за велосипеди. Монтирани со велосипеди на нив, тие го намалуваат погледот на табличката на автомобилот, па сопствениците мора да ја преместат на носачот.

This image has an empty alt attribute; its file name is svajcarija-novi-tablicki.jpg
Сега веќе нема да мора да го прави тоа бидејќи ќе може да добие црвена табличка со црни ознаки, која ќе биде исклучиво врзана за носачот. Швајцарија веќе информираше голем број европски земји за оваа промена, а во моментов Германија, Франција, Италија, Австрија, Естонија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Обединетото Кралство се на листата земји кои одлучија да ја прифатат оваа одлука.
Швајцарците можат да нарачаат нови таблички од 1. март, а првите испораки се очекуваат на крајот на месецот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …