ЈП „Водовод и канализација“ со низа активности на барање на граѓаните

Во текот на целиот вчерашен ден екипите на ЈП „Водовод и канализација“ извршија поголем број на интервенции на територијата на Скопје.

Секторот Водовод нотира зголемен број интервенции и тоа реконструкции на водоводните мрежи, промени и поправки на вентили и друг вид на активности на повеќе локации. Интервенциите се реализирани на улиците Партеније Зографски и Димче Мирчев во Центар, улиците 5, Христо Татарчев, Малина Попиванова и Живко Фирфов во Кисела Вода, на повеќе локации на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари, улиците Пребондова, Ѓоре Ѓоревски и Љуботенски Пат во Бутел, улиците Славеј Планина во Чаир, улицата Пандил Шишков во Горно Лисиче, улиците Горноврановска и Тодор Чангов во Аеродром, улиците во населните места Стајковци и Инџиково, како и улиците Х.Жефаровиќ, С.Михајлов, П.Тољати и Ж.Жорест во Гази Баба, улиците во Буковиќ и Грчец во Сарај, улиците Алексо Демниевски, Хераклеја, Борис Сарафов, Манчу Матак и Стево Филиповиќ во Ѓорче Петров, како и на улиците Козле и Жданец во општина Карпош.


Секторот Канализација во текот на вчерашниот дел имала зголемен број интервенции и активности во сите скопски општини и тоа проверка на шахти по пријави, површинско чистење на решетки, одзатнување канализација, рачно чистење на сливници и исфрлање отпад.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …