По 15. години на Фејсбук го пронашла своето поранешно момче: Секој си го водел животот, а потоа се случило нешто неверојатно…

Оливија Маи (40), наставничка од САД, првпат се заљубила во Там (42) кога имала 14. години. Тие се запознале во клуб во 1995. година и останале во врска околу три години. Потоа Там отишол да студира во друга држава и оттогаш не се слушнале.
Животот ги разделил, имале и други партнери, но не можеле да престанат да размислуваат еден за друг.
Таа решила да направи нешто околу тоа и откако се развела во 2014. година, решила да го побара. Благодарение на интернетот и социјалните мрежи успеала во тоа. Три месеци се допишувале на Фејсбук, а потоа решил да се пресели од Атланта во Калифорнија за да биде со неа.

Се вериле една година подоцна, а потоа следела венчавката. Потоа го добиле синот Алекс.
Оливија се присети на нивната младешка љубов: „Тогаш имавме прекрасна врска, тој беше вистинската личност за мене, но за жал беше погрешно време. Потоа многу размислував за него. И двајцата ги водевме нашите животи, мислев дека никогаш повеќе да не бидеме заедно Меѓутоа, мојот брак пропадна и решив да го најдам Там на социјалните мрежи“ – изјавила таа.


This image has an empty alt attribute; its file name is govor-na-telo-partneri-1.jpg

„Долго разговаравме, а потоа го прашав дали сака да се обиде повторно. Тој не се двоумеше, веднаш рече – ДА“ – додала таа.
Потоа раскажала како го нашла.
„Ми се појави во предлозите за пријателство на Фејсбук, бидејќи имавме многу заеднички пријатели. Му испратив порака, но не верував дека ќе сака повторно да бидеме заедно. Мислев дека тоа е невозможно”, рекла таа.
Там и одговорил на пораката и се допишувале долго време. Долго размислувала дека сака повторно да бидат заедно.
Денеска нивната љубов е силна, станале неразделни, а ја имаат најголемата среќа, момчето кое ја потполнило нивната среќа.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …