Разменувајќи искуства со колешката за детоксикација на телото, дознав за нејзиниот „таен“ метод кој, како што ми објасни, редовно го практикува и се чувствува (и изгледа) фантастично.
Тајната е во моќната комбинација на мед и цимет. Заедно, овие две состојки се одлични за слабеење, особено во пределот на стомакот, бидејќи го забрзуваат метаболизмот.
Покрај губењето килограми, медот и циметот имаат многу придобивки за организмот. Дека е тоа така сведочат записите стари и до 2000 години. Еве за што се особено корисни:
– помагаат за подобро варење
– го забрзува закрепнувањето од респираторните заболувања
– зајакнување на коските
– заштита на зглобовите
– имаат корисен ефект врз кожата на лицето, косата, забите
Топлиот пијалок направен со мед и цимет е еден од најдобрите начини за балансирање на шеќерот во крвта, за „зајакнување“ на метаболизмот и за отстранување на вишокот маснотии. Со оглед на тоа што маснотиите што се акумулираат во стомакот се осетливи на соединенија кои содржат цимет, циметот е добар начин за слабеење во таа област.
Направете пијалок од цимет на следниов начин: растворете половина лажичка органски цимет во шолја топла вода. Покријте и оставете 15 минути. Потоа додадете една лажичка мед и веднаш испијте. Овој пијалок најдобро се пие наутро.
* никогаш не додавајте мед во топла вода, задолжително се меша во изладена вода
Една колешка спомна дека оваа комбинација ја пие два пати на ден, наутро и навечер. После три дена ги забележала првите промени. Ги изгубила масните наслаги од пределот на телото со кој вообичаено најмногу се борела, а вели и дека имала впечаток дека ги „чувствувала“ токсините како излегуваат од нејзиното тело. Тоа било многу интензивно искуство. За почеток, дефинитивно е препорачливо да се пие наутро.