Холивудската ѕвезда Лиам Нисон проговорил за својот приватен живот и признал дека за време на неодамнешното патување во Австралија се заљубил во жена, но и дека љубовта „не му била достапна“.
Актерот (68), кој остана сам по смртта на сопругата Наташа Ричардсон пред 13. години, поминал неколку месеци во Мелбурн во 2020. година додека го снимаше акциониот филм „Blacklight“.
И покрај фактот што градот во тоа време бил во четвртата фаза на затворање поради ковид, Нисон се нашол во романтична „авантура“ со жена која била зафатена.
„Си поминав одлично во Мелбурн. Го сакав нашиот австралиски тим, тие беа фантастични работници. Секој оддел беше врвен. Тие беа свои, знаете на што мислам? Имаа одлична смисла за хумор. Стекнав неколку пријатели… И јас се заљубив, но таа беше зафатена“, призна. Нисон во интервју со водителите Дејвид Кох и Натали Бар.
Дуото било заинтригирано од неговата исповед, па дури и побарале од гледачите да помогнат во пронаоѓањето на мистериозната жена.
„Доколку ја познавате дотичната госпоѓа овде, одете на нашата Фејсбук страница и дајте ни некој совет“, рекол Кох, пренесува DailyMail.
Покојната сопруга на Нисон, Наташа Ричардсон, со која има два сина, почина на 45-годишна возраст од епидурален хематом (крварење околу мозокот) два дена со главата се удрила додека присуствувала на курс за скијање за почетници во Квебек, Канада во 2009. година.
Во интервју со Андерсон Купер од CBS во 2014. година, актерот зборувал за својата загуба и се присетил дека кога стигнал во болница, лекарите му кажале дека неговата сопруга, со која се оженил во 1994. година, починала по несреќата.
„Таа беше на машините, ја одржуваа во живот… Отидов кај неа и ѝ реков дека ја сакам. И реков: ‘Душо, не се враќаш после ова, си ја удри главата’. Ние имавме договор – ако едниот од нас влезе во вегетативна состојба, другиот ќе стави крај на тоа мачење. Тогаш си помислив: ‘Во ред, овие цевки мора да си одат. Неа ја нема”, рекол Нисон тогаш.
Фото: Принтскрин/YouTube