АЛЕК БОЛДВИН ГО ПРЕДАЛ ТЕЛЕФОНОТ НА ВЕШТАЧЕЊЕ: Не сакал да соработува со полицијата, изјавил неговиот адвокат

Американскиот актер Алек Болдвин (63) им го предал мобилниот телефон на инспекторите за убиството што се случи на крајот на октомври 2021 година на снимањето на филмот „Rust“ во Мексико.
Иако полицијата на почетокот на неделава објави дека Болдвин не соработува во истрагата, шефот на њујоршката полиција синоќа потврдил дека актерот го донел мобилниот телефон во полициската станица во близина на неговата резиденција.
Во извештајот на медиумите се наведува дека инспекторите планираат да ги проверат е-поштата, СМС и гласовните пораки поврзани со убиството што се случи на 21. октомври 2021. година, за време на снимањето на филмот „Rust“, кога директорката на фотографија Халина Хачинс беше убиена од прострелна рана, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.
– Нема да најдат ништо на нивниот мобилен телефон. Нема (валидни) одговори на овој уред. Алек не направи ништо лошо – изјавил неговиот адвокат Арон Даер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …