(ФОТО) Нетфликс снима документарен филм за Новак – се’ за скандалот во Австралија

Нетфликс ќе снима документарен филм за Новак Ѓоковиќ и настаните во Австралија, пренесува „Sportsmail“.
Според нивните информации, екипата е веќе таму и има „бомбастични“ снимки од целата ситуација.

Документарната серија ќе биде направена по примерот на документарниот филм за Формула 1 „Вози до преживување“.
Серијата ќе ја прави лондонскиот филм Box to Box, додека режисер ќе биде човекот кој стоеше зад проектот „Drive to Survive“ – Џејмс Геј Ривс.


„Daily Mail“ и „Spoers mail“ во своите сознанија наведуваат дека документарната серија ќе има неколку епизоди.

„Според нашите информации, камерманите се веќе таму и го следат фијаското што се случува со светскиот рекет број 1. Ќе го следат Новак, ќе имаат пристап до забранетите делови како соблекувални, соби за опоравување, ложи за играчите… Материјалот е одличен но тенисот како спорт нема да биде толку достапен за продуцентите“, се вели во текстот.

Засега нема повеќе информации, освен дека ќе се работи на проектот и дека се планира еден од најголемите и најдобри спортски документарни филмови на сите времиња.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17. јануари, но тој повеќе не е во центарот на вниманието.

Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн, каде што беше приведен, а визата му беше одбиена, па пет дена помина во хотел за имигранти.
Пет дена подоцна, тој ја победи австралиската влада на суд и беше ослободен.

Сега ја чека конечната одлука на австралискиот министер за имиграција Алекс Хок, дали ќе го депортира или ќе му дозволи да остане во земјата и да игра на Австралија опен.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …