Во казино вложила 80 центи, а добила 200.000 евра

40-годишна жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сент Мало, Бретања, Франција, откако ставила 80 евроценти во автомат, изјавил во неделата директорот на казиното.
„Таа е почетник во коцкање и автомати, која беше на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра, втор најголем џекпот на казиното од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30. години”, изјавил директорот на казиното Barrière, Франсоа-Стефан Верњ.

Инвестирајќи 80 евроценти во саботата околу 17 часот, машината ја исфрлила последната шестцифрена сума.
„Луѓето често не сфаќаат што им се случило. Таа беше малку изненадена, ја тргнавме настрана и и понудивме чаша шампањ“, рекол тој.
Во 2011 година во истото казино играчот освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.


Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …