(ВИДЕО) Џорџина Родригез за животот со Роналдо: „Понекогаш сите едвај чекаме да излезе од дома!“

Наскоро на Нетфликс доаѓа документарен серијал за животот на девојката на Кристијано Роналдо, 27-годишната Џорџина Родригез, кој открива засега непознати детали од нејзиниот приватен живот.
„Многумина го знаат моето име, но малкумина знаат кој сум јас“, вели Џорџина во трејлерот кој неодамна беше објавен.
Роналдо го запознала сосема случајно, додека била продавачка во бутик во кој тој влегол, а од тогаш животот и се променил целосно.


Џорџина денес е една од најпознатите манекенки, а нејзината врска со Роналдо е тема на голем број таблоиди.
Таа во најавата за документарецот открила каков е Роналдо кога се исклучуваат камерите.


„Кристијано е одличен татко и партнер, не можев да сонувам за подобар“, започнала таа.

„Тој не готви, но после се што прави, заслужува да биде пречекан на маса со јадење подготвено со многу љубов. Имаме готвач, но понекогаш и јас готвам. Понекогаш јаде пица, но тоа е еднаш неделно после што напорно вежба. Сакам да го изненадувам со оброк што му се допаѓа, но сите можеме да се најадеме кога го нема, па понекогаш сите едвај чекаме да си излезе“, рекла таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …