Од 19. септември „Проект куќа со Кристина“ на ТВ Телма

Долг и тежок беше патот на Кристина Арнаудова со нејзината хуманитарна организација „Проект среќа“ до реализација на куќи за оние на кои им се потребни…
Храбра и превземлива Кристина со „Проект среќа“ успеа во тоа, го реализира и сними стореното а сите сето тоа ќе го имаме на увид од 19. септември, секоја недела, на програмата на ТВ Телма.
„Конечно, од 19 септември, секоја недела од 20ч премиерно на Телма телевизија, Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina! Проектот на кој работам долго време ќе можете да го видите и вие! Целта на овој тв проект е да покаже дека заедно можеме да направиме големи нешта, само ако сакаме! Пандемијата не успори, но не не’ запре“, вели Кристина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …